Денеска во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена беа извлечени групите за новата сезона во женската Лига на шампиони.
Поради забраната за учество на Ростов Дон и ЦСКА Москва, следната сезона во ЛШ нема да биде доволно атрактивна, бидејќи има тимови од типот на Локомотива Загреб, Бањик Мост, Сторхамар…
Европскиот шампион Кристијансанд се најде во групата А заедно со романскиот ЧСМ, унгарскиот ФТЦ, данскиот Оденсе, словенечкиот Крим…
Првото коло од новата сезона ќе се игра на 10/11 септември, додека завршниот турнир во 2023 година е на 3/4 јуни 2023 година во Будимпешта.