Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија без извлечени групите пред стартот на новата сезона во Женската лига.
Во споредба со лани кога имаше 13 екипи, годинава бројката е зголемена и има два нови тима – Астибо Штип и Феникс Битола.
Во групата А и групата Б, ќе се одиграат по 14 кола во систем дома-гости во регуларниот дел.
Најдобрите четири од двете групи формираат плеј-оф група, додека останатите ќе играат во плеј-аут. Во плеј-оф и плеј-аут се пренесуваат бодови од 4 до 1 во зависност од позицијата во регуларниот дел, а ќе бидат одиграни дополнително уште 14 кола по системот дома-гости.
Првото коло ќе се одигра на 18/19 септември.
Група А: Куманово, Чаир, Деспина, Гевгелија, Пелистер, Шампион, Кузман Вардар, Феникс
Група Б: Вардар, Металург, Стружанка, Спартак, Овче Поле СУ, Ѓорче Петров, Астибо
Женска лига, 1 коло:
Феникс – Чаир
Шампион – Куманово
Пелистер – Гевгелија
Кузман Вардар – Деспина
Ѓорче Петров – Вардар
Металург – Спартак
Овче Поле СУ – Астибо