Денеска со ждпрека во Виена беа одредени паровите за претквалификациските бараж средби за ЕП 2026 година.
Во нив ќе играат најслабите селекции од квалификациите за ЕП 2024 година. Летонија оди на двобој со Луксембург, Косово ќе се сретне со Велика Британија, додека Белгија ќе игра против Кипар.
Континенталниот собир ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026 година.
Покрај трите домаќини на ЕП 2026 место ќе обезбеди и шампионот од ЕП 2024 година, додека останати 20 учесници ќе се пополнат од квалификациите каде Македонија е директно пласирана.
Победниците од трите бараж средби ќе им се приклучат на другите 29 земји во квалификациите за ЕП 2026.