Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од третата рунда во Европскиот Куп кај дамите.
Единствен македонски претставник остана Вардар, кој ќе се соочи со холандскиот тим Јуро Унирек.
Првиот меч во Скопје ќе се одигра на 13 ноември од 17:00 часот, ќе го судат Џема и Јахја од Косово, а делегат ќе биде Сивиркаја од Турција.
Реваншот во Холандија, на кој ќе биде решен патникот во осминафиналето ќе го судат Италијанците Ди Доменико и Форнасие, додека делегат ќе биде Коен од Израел.