Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут.
Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што е на програмата в недела на 26 март, ќе биде под арбитража на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.
Делегати на средбата што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.
Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, а се очекува голема посетеност и присуство на навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“.
Вардар и Еурофарм Пелистер се на првото и второто место на табелата со по 15 бодови по 4 одиграни кола.