Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од првото коло на Европското првенство во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Во петок ќе стартуваат групите А и Б, додека в сабота ќе има четири средби од групите Ц и Д. Македонија првиот меч ќе го игра на 5 ноември.
Против олимпискиот првак Франција, на нашите ракометарки ќе им судат босанските судијки Весна Балван и Татјана Праштало.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.