Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје.
Ривал е селекцијата на Полска, која веќе ја совладавме во групната фаза, но сега момците на Лазаров ќе ги чека поинаков натпревар.
Селекторот се реши за истите играчи што играа против Полска и Швајцарија, а тоа значи дека надвор од ростерот се левиот бек Теодор Тодески и десниот бек Мартин Димовски, кои беа дел од дуелот со Грција.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра вечерва во СЦ “Борис Трајковски# од 18:00 часот.