Позната цената на билети за натпреварите од Купот на Македонија

Од 13 до 15 мај, салата „Јасмин“ во Кавадарци ќе биде домаќин на завршните турнири во Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

Организаторот најави дека цената на билетите ќе биде 150 денари, а се работи за дневни влезници со кои ќе може да се следат двата меча во текот на денот. Повеќе детали за продажбата ќе бидат познати наскоро.

Во петок на 13 мај, ќе се играат полуфиналните натпревари кај мажите, на 14 мај на програмата се женските полуфинални двобои, додека в недела на 15 мај двата меча за трофеите.

Актуелни бранители на титулите во Купот на Македонија се екипите на Вардар и Куманово, кои лани славеа во Автокоманда.