Репрезентативците на Македонија доколку успеат да се пласираат во втората рунда на Европското првенство ќе поделат сума од 50.000 евра, која беше потврдена после одлуката на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.
Ракометарите утре заминуваат за Дебрецен со чартер и ќе имаат два дена за подготовки за првиот натпревар против Словенија на 13 јануари од 18 часот.
Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а за да се обезбеди место во втората рунда ќе мора да се освои едно од првите две места. Групата е тешка, а за место во следнаа фаза ќе мора да се имаат барем две победи.
Наградата е мотив плус за ракометарите кои се подготовени за убав турнир и убави натпревари на новото учество на европските првенства.