Како што неодамна најави 24Ракомет, а потоа потврди и РФМ, Суперкуп натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид на 11 септември.
Сега е позната и саатницата за натпреварот. Суперкуп двобојот меѓу двете најдобри македонски екипи од минатата сезона ќе започне од 20:00 часот, а ќе има пренос на спортскиот канал на МТВ.
Претходно овој натпревар беше најавувано дека би можел да се игра на отворено во Ѓорче Петров, една од опциите што била понудена од страна на РФМ била и Гевгелија, но двата клуба го одбиле тој предлог.
Втората опција беше Охрид, и за таму двата клуба дадоа позитивно мислење, па љубителите на ракометот покрај езерото, по турнирите во Струга и Охрид, ќе имаат можност уште еднаш да гледаат квалитетен ракомет.
Суперкуп на Македонија, историја:
2017 година Вардар – Еурофарм Пелистер 30-25 (СЦ Јане Сандански)
2018 година Вардар – Металург 33-24 (Игралиште Горан Попоски Бабец)
2019 година Вардар – Металург 26-24 (Спортска сала Куманово)
2021 година Еурофарм Пелистер – Вардар 31-22 (СЦ Борис Трајковски)