Позитивни случаи во Келце пред двобојот со Вардар

По најновите тестирања на коронавирус во петокот, во полскиот првак Келце беа откриени уште два позитивни случаи.

По Томаш Гебала, кој имаше позитивен тест при тестирањата за националниот тим, позитивни на Ковид-19 беа левото крило Анхел Фернандез и левиот бек Владислав Кулеш.

Тестот на Алекс Душебаев ќе биде повторен во понеделник, и тој исто така ќе биде надвор од тренажен процес, додека останатите се враќаат на тренинг.

Михал Олејчничак сега доби негативен резултатот и ќе излезе од изолација, додека Гебала ќе му се приклучи на тимот следната недела.

Келце треба да гостува во Скопје на 19 ноември и да игра против Вардар, а потоа ќе се игра мечот и во Полска, на 25 ноември.