Позитивен резултат и победнички поглед за Македонија кон Дебрецен (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонија – Израел (Пријателски натпревар)

На првата контрола одиграна во Скопје репрезентацијата на Македонија го совлада Израел со 31:28. Ова е трета победа во подготовките, а утре ќе биде одиграна последната средба од планираните контроли.

Македонија го совлада Израел со 31:28 и продолжи со победничката серија во подготовките за Европското првенство. После двете победи против Кувајт сега беше совладан и Израел, па останува утре во последната проверка да се продолжи во овој ритам и на најдобар можен начин да се дочека шампионатото во Унгарија и Словачка. Репрезентативците одработија добри средби, а денеска имаа силна контрола бидејќи Израел се покажа во одлично издание. Костески со пет, а Кузмановски и Кузманоски со по четири гола беа најефикасните, додека Митревски заврши со седум интервенции. Томовски имаше четири одбрани.