Шампионот на Хрватска во женска конкуренција доби репрезентативно засилување за следната сезона на голманската позиција. Во тимот на Подравка доаѓа голманката на СЦМ Рамницу Влчеа, Јулија Думанска.
Таа ќе биде големо засилување за екипата која во следната сезона ќе се обиде да постигне уште подобри резултати.
Од Думанска се очекува да го крене нивото на одбрани и да биде лидер на одбраната. Таа има само 23 години, но веќе има добро искуствозад себе. Родена е во Украина, но има државјанство на Романија и веќе 45 настапи за сениорската репрезентација. Има и бронзен медал од Мундијалот во 2016 година со јуниорската селекција на Романија.
Сениорската кариера ја почна во 2014 година во Баја Маре. Од 2016 до 2018 година играче за СЦМ Крајова, а потоа уште две години во Рамницу Влчеа.