Се одиграа две финални битки во рамките од домашните купови во женска конкуренција во Франција и Норвешка.
Брест Бретањ уште еднаш ја потврди својата доминација во Франција откако го освои Купот по триумфот над Нант со 37:33. На полувреме Брест Бретањ имаше предност од еден гол, 20:19.
Во натпревар со многу голови, и игра без одбрана, домашната екипа успеа да дојде до третиот трофеј во својата клупска историја, последен пат, Брест Бретањ го освои францускиот куп во 2018 година.
Во Норвешка беше сосема очекувано дека трофејот ќе замине во најсилната екипа, Вајперс Кристијансад.
Ракометарките на Кристијансад во финалето од домашниот куп беа убедливи против составот на Сола со 29:16. На полувреме резултатот беше 10:8 за Кристијансанд.