Тимот на Металург денеска го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на Европа против хрватска Спачва Винковци.
По подолго време тимот од Автокоманда ќе игра европски натпревар во својата сала, а тренерот Зоран Кастратовиќ и неговите избраници сериозно го сфаќаат овој двомеч.
„Мојата екипа е подготвена за тоа што не чека. Спачва е екипа што доаѓа од земјата на светскиот вицепрвак и затоа сериозно го сфаќаме овој двомеч. Ние сигурно дека сме поквалитетни со сите засилувања, кои имаат големо искуство од Лигата на шампионите и од другите европски натпреварувања“, вели Кастратовиќ за 24Ракомет.
Тренерот на Металург посакува две победи и носителско место пред ждрепката за второто коло.
„Не можам да кажам за колку гола е поквалитетен Металург од Спачва и не размислуваме за тоа колкава победа ќе ни биде доволна. Ние сакаме да го оправдаме реномето на Металург кое што го има стекнато во Европа, бидејќи во второто коло би биле носители и би имале поголеми шанси за место во групата“, заврши Кастратовиќ.
Натпреварот меѓу Металург и Спачва Винковци се игра вечерва од 19:00 часот во Автокоманда, додека реваншот е во Хрватска, на 5 септември од 19:30 часот.