Репрезентацијата на Русија се врати во потребниот ритам и може да дојде до четврт-финалето на Олимписките игри така што работите се менуваат,а ракометарките се веќе во далеку подобро расположение.
Сите се со една мисија, а таа е да се игра во елиминациите каде што сè е можно. Ниту една од девојките нема проблем со моментот која од колешките ќе биде на теренот, а која на клупата што го потврдува и следната изјава.
„Најмногу од сè на светот мразам да седам на клупа, но кога играм на иста позиција со Ксенија Макеева морам да бидам подготвена на тоа. Сепак, тука сум ако треба да врескам, да го изгубам гласот, да ја загубам свеста. Подготвена сум да умрам на клупата, да навивам за девојчињата. Ништо друго не е важно сè додека победуваме“, вели Ана Сен.
Русија во последното коло в понеделник од 7:15 часот игра против селекцијата на Шпанија. Во моментов со пет бода се наоѓа на 2. позиција, а веќе има обезбедено четврт-финале.