Полскиот вицепрвак Висла Плоцк направи историски успех во Лигата на шампионите и за првпат ќе игра во четвртфиналето во елитното натпреварување.
Ракометарите на Висла Плоцк за ривал во осминафиналето го имаа Нант и по изведувањето на пенали обезбедија пласман меѓу најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите.
Првиот натпревар, кој беше одигран во Плоцк, заврши нерешено, 32:32, додека во вчерашниот дуел регуларниот дел од натпреварот исто така заврши без победник, 25:25.
Тоа значеше дека патникот во четвртфиналето ќе се бара преку пенали. Во пенал-рулетот подобра и повеќе пофокусирана беше екипата на Висла Плоцк, која во четвртфиналето силите ќе ги одмери со бундеслигашот Магдебург.
ШОК за Нант – Висла Плоцк преку пенал рулет до историско четвртфинале во ЛШ