Екипата на Ференцварош успеа да одигра нерешено против Фленсбург 27:27 и со освоениот голем бод си обезбеди место во осминафиналето од Лига на Европа.
На екипата од Будимпешта и требаше победа или реми во дуелот со Фленсбург за пласман меѓу најдобрите 16 екипи во второто по квалитет европско натпреварување.
Голот за нерешен резултат го постигна Алекс Богнар во последните секунди од неизвесниот дуел.
Иако бундеслигашот имаше напад да ја завери победата, сепак, погреши во финишот, останаа уште четири секунди за домаќинот, кој со голот на Алекс Богнар ги постави конечните 27:27.
За потсетување, главниот ривал на Ференцварош за 4. позиција во групата Б, Екс ан Провас победи против Бенидорм и дојде до 8 бода, ист број на бода имаше и унгарскиот тим пред дуелот со Фленсбург.
Ракометарите на Ференцварош се надминаа себе си и со голем бод обезбедија историски успех на европска сцена.
Ференцварош за противник во осминафиналето го доби тимот на Монпелје.