Погледнете како изгледа арената во која ќе игра Македонија на СП (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија ќе го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварувања и ќе го забележи седмото учество на Мундијалите.

Нашата селекција ќе биде дел од групата Г, заедно со домаќинот Египет, Чиле и Шведска, која имаше големи проблеми околу составот. База на нашата репрезентација ќе биде најголемата арена во која ќе се играат натпревари – „Стадион Каиро“.

Станува збор за комплекс што може да прими повеќе од 17.000 гледачи, но сега трибините ќе бидат празни, па домаќинот нема да има поддршка од многубројните фанови.

Оваа сала е изградена 1991 година и беше домаќин и на претходното СП во Египет во 1999 година, како и на младинското СП во 2009 година. Покрај овие настани, во „Стадион Каиро“ се одржаа и многу настани во кошарка, одбојка, џудо…

По 1999 Египет, 2009 Хрватска, 2013 Шпанија, 2015 Шпанија, 2017 Франција и 2019 Германија и Данска, 2021 Египет ќе бидде нова шанса за докажување на македонските репрезентативци.