Менување на систем на натпреварување се прави со најава една сезона однапред, но секако на Собрание на РФМ истото може да се изгласа и да важи веќе од следната сезона. Во моментов Предлогот е кај клубовите кои го разгледуваат и се потпишуваат. Истиот треба да биде доставен до Собранието на РФМ и таму за истиот да се разговара. Во предлогот што веќе е доставен до клубовите и се наоѓа на разгледување, се планира Суперлигата во сезоната 2022/23 да брои 16 екипи поделени во две групи по осум.
Последните две сезони машката Супер лига постојано го менуваше системот на натпреварување, со проширување, па со кратење. Сега повторно се заговара, и повеќе од сигурно ќе има ново проширување на лигата. Така ќе се задоволат апетитите на сите, најмногу на прволигашите, а секако ќе се обезбеди и гласачко тело и ќе има период во кој сите ќе бидат „среќни и задоволни“.
Предлогот за проширување на Супер лигата е веќе доставен до клубовите, а во директни контакти за него лобираат претставници на поранешни суперлигаши кои сега се во понизок ранг на натпреварување, но и челници на новите прволигаши кои сезонава првпат почнаа да играат, и сега се во врвот. Тие најмногу би профитирале бидејќи во моментов има најмалку 2-3 екипи од Прва лига кои имаат суперлигашки амбиции.
Менување на систем на натпреварување се прави со најава една сезона однапред, но секако на Собрание на РФМ истото може да се изгласа и да важи веќе од следната сезона. Во моментов Предлогот е кај клубовите кои го разгледуваат и се потпишуваат. Истиот треба да биде доставен до Собранието на РФМ и таму за истиот да се разговара.
Во предлогот што веќе е доставен до клубовите и се наоѓа на разгледување, се планира Суперлигата во сезоната 2022/23 да брои 16 екипи поделени во две групи по осум.
Оние што ќе се пласираат од 1 до 10 место во тековната сезона, плус четирите првопласирани од Првата лига, додека последните две места ќе се пополнат преку две бараж средби на тимовите од 11 и 12 место од Суперлигата против тимовите што ќе завршат на 5 и 6 шесто место во Првата лига.
Натпреварите во регуларниот дел ќе се играат по еднокружен бод систем – 14 кола, а потоа екипите од 1-4 место во двете групи ќе играат плеј-оф по истиот систем, односно уште 14 кола. Оние од 5-8 место ќе разигруваат за опстанок во плеј-аут по истиот систем.
Планирано е да се пренесуваат по 3,2,1 и 0 бодови во зависност од која позиција екипата се пласира во плеј-оф или плеј-аут. По добивањето на конечниот пласман во плеј-аутот, екипите од 1-5 место треба да обезбедат опстанок, шестиот тим од Суперлигата да игра бараж со третопласираниот од Прва лига, додека прво и вторпласираниот од Првата лига да имаат директен пласман во елитното друштво.
Доколку пријавениот број на екипи во Првата лига за следната сезона е 14, тогаш предлог е да се игра по еднокружен бод систем, а доколку се повеќе екипи, тогаш можеби и во оваа конкуренција ќе се игра по групи.
Сепак ова е само предлог, кој треба да се прифати или одбие од страна на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија. Сепак во голема мера прифаќањето или одбивањето ќе зависи и од пласманот на некои клубови. Традиционално Собранието на РФМ се одржува веднаш по завршување на секое големо натпреварување, но според Статутот на РФм истото треба да се одржува еднаш годишно. Според најавите сега Собранието би се одржало малку подоцна од вообичаено.