Европскиот првак Барселона славешее кај Нант со 37-33 во натпревар од 10 коло во Лигата на шампионите, но скапо ја плати оваа победа.
Повреди заработија левите бекови Тимоти Н’гесан и Ханиел Лангаро.
Французинот ќе паузира шест недели по фрактурата на левата рака. Иако тој шутира со десна рака ќе мора да биде надвор од терените и ќе го пропушти Светското првенство во Полска и Шведска.
Потешко мина Бразилецот. Лангаро ја скина тетивата на десната нога, тој денеска ќе биде опериран, но за него сезоната е завршена и Барса ќе мора да бара нова солуција на неговата позиција.
Двата леви бека на каталонскиот гигант нема да играат за селекциите на Франција и Бразил на СП.
Претходно европскиот првак остана без левото крило Аитор Арињо, кој исто така ќе го пропушти вториот дел од сезоната.