Еден од дебитантите во репрезентацијата на Македонија на Светското првенство 2023, Павле Атанасијевиќ на вчерашниот дуел од последното коло од групната фаза против Аргентина заработи повреда на ногата.
Атанасијевиќ веднаш по натпреварот беше пренесен во болница во Краков, каде што беа направени дијагностички процедури.
По првичните прегледи на ракометарот, утврдено е дека се работи за контузија (набиеница) на местото каде што го здобил ударот.
Од Еурофарм Пелистер, клуб во кој што настапува Атанасијевиќ, преку социјалните мрежи соопштија дека повредата не е од сериозен тип.
Во наредните денови ќе следуваат и дополнителни прегледи, по што ќе биде познато дали младиот ракометар ќе може да настапи на натпреварите од ,,Президент Купот” на Мундијалот.
Македонија, откако не успеа да ја мине групната фаза, ќе разигрува за пласман од 25 до 32 место на Светското првенство.