Голманот кој имаше голема улога во освојувањето на втората круна за Вардар во Лигата на шампионите, Дејан Милосављев успеа да ја залечи повредата и да се врати на терените.
Тој веќе се приклучи на подготовките на тимот на Фуксе Берлин и работи заедно со своите колеги. Од страна на клубот беше објавено видео на кое се гледа како Милосављев почнува со работа така што е јасно дека клубот добива многу уште на стартот од сезоната.
Милосављев имаше повреда на коленото и пропушти дел од минатата сезона бидејќи истата беше прекината поради коронавирусот.