Повременета репрезентативка на Македонија, Елена Ливриниќ откако во новата сезона од Романија се пресели во Унгарија, поточно во екипата на Сомбатељ, доживеа повреда и не беше во можност да настапи во новиот клуб.
Раководството на Сомбатељ објави дека ракометарката од Македонија имала успешна рехабилитација, па така екс членката на Металург ќе му биде на располагање на унгарскиот прволигаш за остатокот од сезоната.
Ливриниќ потекнува од екипата на Ѓорче Петров и како играч се афирмираше во поранешниот шампион на Македонија, Металург.
Екипата од Автокоманда ја напушти во текот на 2016 година и во последните шест сезони настапуваше во романскиот шампионат.
Во Романија беше дел од екипите на Данубиус Галаци, Рапид Букурешт, Глорија Бузау, Слатина и Дева.