Турскиот ракометар Дорук Пеливан и понатаму ќе чека на шанса во Келце, полскиот тим одлучи да оди на нова позајмица.
Во редовите на Келце пристигна по одличните настапи во австриското првенство и во него во Келце гледаа можен наследник на Михал Јурецки. Првата сезона во Полска множе да се смета за добра, но Келце одлучи дека е подобро да го испрати на позајмица во Бундеслигата.
Тимот за кој се одлучи беше Минден и таму се снајде одлично беше еден од лидерите на тимот. Но, потоа дојде повредата на коленото и во актуелната сезона е без настап.
„Дорук има сериозна повреда на коленото и нема да му биде лесно веднаш да се врати на високо ниво. Сакаме да го испратиме на позајмица. Дали ќе потпише договор со нас? Тоа во оваа ситуација би било голем ризик, ќе видиме како се ќе се одвива“, изјави претседателот на Келце Бертус Сервас.
Договорот на 23-годишниот ракометар со Келце е до 2024 година.