Победничко селфи од соблекувална, се огласи Ристовски: Против сите што сакаат да не нема…(ФОТО)

Ракометарите на Вардар славеа со 31-24 во првата дерби пресметка со Еурофарм Пелистер од суперлигашкиот плеј-оф.

По триумфот стандардно следуваше победничко селфи од соблекувалната, а го објави голманот Борко Ристовски, кој имаше еден одбранет пенал.

„И покрај се…против сите што сакаат да не нема. Ова е тоа што ја одржува екипата, ЕДИНСТВО, СРЦЕ и ХРАБРОСТ! ЕКИПИШТЕ“, напиша Ристовски на социјалните мрежи.

Втората средба меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во Битола на 6 или 7 мај, кога ќе добиеме одговор на прашањето за првакот на Македонија.