Македонскиот претставник во Лигата на Европа, Еурофарм Пелистер ги освои првите бодови, откако го совлада португалскиот претставник Агуа Санташ со 29-27.
Важна и убава победа пред последниот дел од есенската полусезона.
Избраниците на Ларс Валтер водеа во текот на целиот натпревар, а во финишот не дозволија залетаниот домашен тим да се надева на нешто повеќе од пристоен пораз.
Мотивираните битолчани на почетокот останаа без Хосни кој заработи мала повреда на стопалото, но и без него ја одржуваа иницијативата и победнички и славенички се враќаат од Португалија.
Спомен селфи како потсетник и мотив за нови европски дострели.