Ракометарите на Вардар го одиграа последниот натпревар на домашен терен во 2019 година и оствари победа над словачкиот првак Татран Прешов со 28-26 во регионалната СЕХА лига.
Вардарци по негативата во првото полувреме, заиграа поангажирано во вториот дел и за петнаесетина минути го решија ривалот.
Со овој триумф беше обезбедено првото место и директното место во четвртфиналето, па за вардарци до одбраната на титулата во СЕХА му остануваат најмногу уште четири меча.
Во последното коло, во неважен натпревар, Вардар в недела гостува кај Нексе.
[WRGF id=116091]