Победа за историја: Куманово го надигра Вардар и првпат стана шампион на Македонија

Ракометарките на Куманово остварија сигурна и убедлива победа во 23. коло против најголемиот конкурент сезонава во женската лига Вардар со 33:22 и на тој начин на три кола до крајот стигна до првата титула како шампион на Македонија и првата двојна круна.

Куманово имаше добар почеток на дуелот, поведе со 3:1, а потоа имаше и високи 9:3. Сепак, вардарки не се предадоа и ја преполовија негативата. До крајот на првиот дел успеаја да намалат на само минус два и на полувреме беше 16:14.

На почетокот на второто полувреме Вардар се доближи на минус еден и се закани дека може да дојде до пресврт. Сепак, следуваше серија на Куманово од 4:0 со која го реши победникот. До крај на натпреварот кумановки одиграа рутински и стигнаа до убедлива победа.

Јована Кипријановска со шест погодоци беше најефикасна во тимот на Куманово, а по пет постигнаа Трајковиќ, Шарановиќ и Џакмиќ. Најрасположена за игра во составот на Вардар беше Ивона Трпевска која постигна седум гола.

Ова беше уште една радост за Куманово во Супер женската лига и запишување на кумановки во историјата бидејќи после Кометал Ѓорче Петров, Металург и Вардар се најдоа на листата на шампиони на Македонија.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080