Екипата на Чаир се врати со три бода од гостувањето во Битола и уште еднаш потврди дека е во трка за висок пласман и сезонава. Победата од 41:36 беше доказ за она што беше направено на теренот.
Пелистер успеа да постигне многу голови, но не можеше и да направи нешто повеќе така што на крајот остана со нов пораз.
Многуте голови кои беа постигнати на овој дуел ги имаше и на едната и на другата страна.
Анастасија Николовска беше прв стрелец со 13 гола, додека во Пелистер Драгана Милосављевиќ и Анастасија Белевска беа убедливо најпрецизни. И двете погодија по 11 пати во мрежата на гостинките.
Ова беше десетта победа за Чаир во 12 натпревари одиграни досега. Чаир има две средби повеќе од Куманово и во моментов е лидер на табелата. Пелистер, пак, има одиграно само седум средби, а на нив уште нема ниту една победа.





Пелистер – Чаир




























































































Поз | Екипа | Н | П | Р | Л | Б |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | ЧАИР | 8 | 8 | 0 | 0 | 24 |
2 | АСТИБО | 8 | 5 | 0 | 3 | 15 |
3 | СКОПЈЕ | 8 | 4 | 1 | 3 | 13 |
4 | МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ | 8 | 2 | 1 | 5 | 7 |
5 | СТРУЖАНКА | 8 | 0 | 0 | 8 | 0 |