Репрезентацијата на Соединетите Американски Држави стигна до историски триумф на Светските првенства совладувајќи го Мароко со 28-27. Тоа беше прв триумф за историја посебно ако се знае дека Американците настапуваат на големите натпреварувања по пауза од 22 години.
Покрај триумфот САД беа во центарот на вниманието и по потегот на својот селектор кој имаше невообичаена реакција за време на вчерашниот натпревар. Имено, швеѓанецот на клупата на САД, Роберт Хедин повика тајм аут за својата репрезентација во моментот кога тоа не е дозволено по ракометните правила.
Хедин го стисна копчето за тајм-аут во моментот кога мароканскиот ракометар ја пресече топката и тргна во контра напад да постигне погодок. Тоа наиде на негодување од мароканската клупа, а по консултација со делегатот судиите му доделија син картон на американскиот селектор.