„Плинарите“ победнички доаѓаат кај Вардар

Во среда Загреб и Вардар играат важен натпревар во рамките од Лигата на шампионите, а пред овој дуел хрватскиот тим забележа победа во домашното првенство.

Загреб беше подобар од Вараждин со 31:22 (14:13). Вараждинците и тоа како го намачија Загреб во првиот дел, меѓутоа квалитетот дојде до израз во вториот дел. Натпреварот беше изедначен се до 17:16, тогаш следуваше серија на домаќините од 5:0 и понатаму сигурно го приведоа натпреварот кон крајот.

Најдобар стрелец на овој натпревар беше капитенот Давид Мандиќ со десет погодоци, а одличен на голот беше чуварот на мрежата, Дино Славиќ.

Пред натпреварот в среда од 20:45 часот Загреб има само еден бод повеќе од Вардар на шестата позиција во групата.