Плеј-оф ќе се игра во Скопје, Битола и покрај Охридско езеро

Со победата од 23:16 над тимот на Прилеп екипата на Еурофарм Пелистер се најде во плеј-офот од Супер машката лига и го затвори списокот на учесници во групата во која ќе се разигрува за шампионската титула, но и за местата во европските купови.

Имињата на седум екипи беа познати до денеска, а прашањето беше дали уште еден град ќе добие учесник во плеј-офот или истиот ќе се игра во четири града.

Скопје ги има Вардар, Металург, Бутел Скопје и Пролет 62. Битола ќе ги има двете екипи на Еурофарм Пелистер, а на списокот се и Охрид и Струга.

Ова значи дека плеј-оф ќе се игра во Скопје, Битола и покрај Охридското езеро така што ќе биде интересно напролет.

Во плеј-аутот ќе има шест града. Три екипи се од Скопје, а тимови има и од Радовиш, Струмица, Кавадарци, Прилеп и Богданци. Се работи за екипите на: КЛ 7, Радовиш, Јуниор Кисела вода, Астраион, ГРК Тиквеш, Прилеп, Работнички и Богданци.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ГРУПА А – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР22200260
2ВАРДАР 196122200260
3АЛКАЛОИД22200260
4ОХРИД22142644
5ТИКВЕШ 201422113836
6БУТЕЛ221201036
7ПРИЛЕП22731224

ГРУПА Б – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ГОЛДЕН АРТ1452717
2МУЛТИЕСЕНС1430119
3ВАРДАР НЕГОТИНО1420126