Продолжуваат препукувањата помеѓу ЧСМ Букурешт и нивниот поранешен тренер Томас Риде кој покрај другуто најави и тужба за ЧСМ.
Доскорешниот селектор на Романија се огласи во врска со заминувањето на Андреа Лекиќ од Букурешт. Тој смета дека трансферот на Лекиќ во Будуќност е резултат на тоа што доцнат исплатите на ракометарките.
„Ова е последица на неисплаќањето на платите, до сега тоа се черити месеци. Лоши навики“, напиша Риде.
Швеѓанецот сезоната ја започна на клупата на ЧСМ Букурешт при што бараше платите да му видат исплаќани на време. Многу брзо беше сменет, по само пет натпревари во кои доживеа два порази.
Наследник на Томас Риде е Адријан Василе, но и на него не му оди баш најдобро. Покрај проблемите со финансиите се придодадоа и проблемите со повреди и тешкиот распоред на екипата.