Дерби средбата која ќе биде одиграна в сабота во СЦ „Јане Сандански“ меѓу Вардар и Кил беше повод за денешната прес конференција на која вардарци дадоа вовед за она што ќе следува в сабота со почеток од 17 часот.
Вардарци го дочекуваат подготвени овој дуел, а тренерот Давид Писонеро имаше интересен вовед.
„Ова е многу важен натпревар за нас и на некој начин ова е меч на сезоната за нас. Ние одигравме многу тешка средба на гостувањето кај Монпелје, но тоа беше старт на сезоната. Сега го играме првиот тежок натпревар на домашен терен. Кил е многу добра екипа и голем клуб, која игра одличен ракомет. После Супер глоуб турнирот Кил ја крена формата. Сепак, ние играме во Скопје и очекуваме многу пред нашите навивачи. Во овој момент се очекувам како Македонец“, изјави тренерот Писонеро.
Во однос на играта која што ја очекува да ја прикажат гостите вели дека чека да биде многу побрзо отколку на средбата на Супер глоуб.
„Очекувам ова да биде многу тежок натпревар и многу брз. Многупати сме ги анализирале и знаеме дека играат главно како сите големи германски клубови. Очекувам ова да биде далеку побрз дуел отколку во Дамам, а таквата игра ќе ни одговара.
Средбата е од 4. коло, а ова е дефинитивно најважниот дуел сезонава.