Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија пирова победа во последното коло од Супер лигата на домашен терен против составот на Охрид со 30:14, но останаа на втората позиција на табелата.
Составот на Жељко Бабиќ доминираше во текот на сите 60 минути и уште многу рано ја најавија убедливата победа. Битолскиот тим добро отвори и поведе со 3:0, но гостите успеаја да се вратат и стигнаа до израмнување на 7:7.
Следуваше серија од 6:0 на Еурофарм Пелистер со која до полувремето си обезбедија сигурна предност. После 30 минути домашниот тим водеше 15:8. Второто полувреме не доснесе ништо ново, Еурофарм доминираше и постојано ја зголемуваше предността.
Во продолжението гостите постигнаа само шест гола и на крај мораа да се помират со многу убедлив пораз. Најефикасни во составот на Еурофарм Пелистер беа Граџан и Ѓукиќ со по шест гола, додека во тимот на Охрид се истакна Денис Тот со четири погодоци.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ
ТАБЕЛА