Екипата на Пелистер ја освои шампионската титула кај пионерките по победата над Јехона од 18:17 во драматичниот финален дуел на Ф4 турнирот. Организатор на Ф4 турнирот беше Ѓорче Петров.
Голот за победа на Пелистер беше дело на Анастасија Тодоровска, која на неколку секунди пред крајот донесе голема радост за битолскиот тим.
Иако Јехона имаше напад за реми, сепак, ракометарките на Фари Селмани не успеаја да ја совладат голманката на Пелистер.
Ѓорче Петров, кој во ланската сезона ја освои титулата на пионерскиот Ф4, остана без медал, откако во дуелот за трето место беше поразен од Деспина со два гола разлика, 20:18.