Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од трите групи во пионерскиот шампионат во машка конкуренција.
Сите фаворизирани екипи остварија лесни победи изразени со двоцифрена разлика, а најлесно славеше Вардар против Шампион.
Во Автокоманда, Металург 2 немаше проблеми против Риниа, а КЛ7 исто така против Еурофарм Работник.
Најинтересно беше на средбата во Богданци, каде победата ја однесе гостинот од Кавадарци, Тиквеш, кој славеше минимално со 21-22.
Резултати, 3.коло:
Група 1
Струга – Охрид 2013 одл.
Пелистер – Енхалон 20:12 (11:2)
КЛ 7 – Еурофарм Работник 25:8 (16:2)
Преспа Вардар – Сани 17:20 (7:10)
Група 2
КЛ 7 Свети Николе – Филип Вардар 21:18 (9:8)
Младост Богданци – Тиквеш 21:22 (11:11)
Младинец 2015 – Астраион 26:15 (17:4)
Текстилец – Бисинов Вардар 10:0 сл.
Група 3
Металург 2 – Риниа 38:12 (17:6)
Вардар – Шампион 40:8 (22:2)
Македонија ЃП – Аеродром 15:40 (6:20)
Бутел Скопје – Алушовски одл.
КЛ 7 Лазарови – Рисови 25:11 (14:7)