Пионерите на екипата на Алкалоид го освоија трофејот на турнирот во францускиот град Нант, кој се одржуваше минатите три дена.
Избраниците на тренерот Влатко Котески, во финалето славеа против шпанскиот тим Хихон со 27-26, а на полувремето имаа плус пет, 17-12.
Претходно македонскиот тим славеше на петте средби од групната фаза, а во полуфиналето го елиминира шпанскиот тим Чисне Понтеведра со трииумфот од 23-20.
Во групата, Алкалоид ги победи белгискиот Естудијантес, селекцијата на Бенин, француските Тулуз и Онис, како и шпанскиот Хихон, кој беше противник и во финалето.