Ракометарите на Пик Сегед не го искористија играњето на домашен терен против екипата на Алборг, а во последните минути од натпреварот се спасуваа односно успеаја да избегнат пораз откако анулираа да гола негатива.
Тимот на Алборг покажа одлична игра во текот на сите 60 минути. Имаше предност и го диктираше темпото, а Пик Сегед немаше расположени ракометари кои ќе донесат можност за убава завршница и два бода со кои тимот ќе останеше во трка и за првото место во групата.
Место ова, домашните дозволија Алборг да биде тимот кој го диктира темпото во сите 60 минути, а во послендата минута влезе со 26:24.
Сепак, тука конечно одбраната заличе на она што треба и беа постигнати два гола, но немаше време за нешто повеќе, па на крајот двете екипи мораа да се задоволат со по еден поен од овој меч што само ја потврди 3. позиција за тимот од Унгарија. Воедно тоа најавува и дуел со Вардар во осминафиналето освен доколку нешто не се измени на следните натпревари.
Денеска најефикасен во Пик Сегед беше Деан Бомбач со пет гола, а четири постигна Богдан Радивојевиќ. Во Алборг седум гола имаше Јул-Ласен, а шест погодоци постигна Јанус Дади Смарасон.