ПИК Сегед се засили со поранешен член на Вардар

Поранешниот ракометар на Вардар, кружниот напаѓач Глеб Калараш, кариерата ќе ја продолжи во ПИК Сегед.

Рускиот интернационалец редовите на клубот од Сегед ќе ги засили од Мелсунген, за кој настапува од октомври, 2021 година.

Искусниот ракометар во својата кариера беше дел и од екипите на Балинген, Мотор, Магдебург и Вардар.

Во ,,црвено-црниот” дрес настапуваше три сезони и со екипата на Вардар во сезона 2018/19 ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Тој во ПИК Сегед ќе биде замена за унгарскиот репрезентативец Миклош Роста, кој ќе се пресели во Динамо Букурешт.

ПИК Сегед претходно се засили со хрватскиот репрезентативец и член на Нексе, Марин Јелиниќ и голманот од Елверум, Емил Имсгард.