Според информациите кои ги пренесува „Rthandball“, унгарски ПИК Сегед во наредниот период ќе се обиде да се засили со тројца ракометари.
Унгарците имаат намера да бидат активни на трансфер пазарот, а сега со овој тим се поврзуваат три миња. Имено, како прва мета се истакнува Лукас Сендел од Алборг. Алборг спрема голем проект со неколку супер квалитетни засилувања, па очекувано е во таква ситуација да има и „вишок“, во ПИК се надеваат дека ќе ја искористат ситуацијата.
Покрај Сендел во игра се и двајца Французи, левото крило на Монпелје Хуго Дескат и голманот Весли Парде.
Дескат веќе одби да го продолжи договорот со Монпелје и големи се шансите да замине, претходно се поврзуваше и со Веспрем, останува да видиме кој ќе стигне до неговиот потпис.