Иако потпиша нов договор со Висла Плоцк до 2023 година, унгарскиот репрезентативец Золтан Сита, веројатно ќе ја одработи само првата година од двегодишната соработка.
Според „М4 Спорт“, унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед веќе договорил трансфер со Сита, кој од летото 2022 би требало да се врати во татковината.
Сита настапува на левата бековска позиција, а Хуан Карлос Пастор таму ги има Мачковшек, Хенигман и Бодо.
Тој потекнува од школата на Веспрем, но не ја доби вистинската шанса таму, па играше во Балатонфуреди две сезони пред да се пресели во Полска, каде што ги покажа своите квалитети.