Тимот на ПИК Сегед со победа против Веспрем од 31-25 ја отвори финалната серија во унгарскиот шампионат.
Неизвесност имаше само во првите десетина минути кога беше 4-4, а потоа се беше во знакот на избраниците на Хуан Карлос Пастор.
На пауза ПИК Сегед водеше со 15-11, Веспрем намалуваше во второто полувреме на минус три во неколку наврати, но немаше сили за комплетен камбек.
Јунак на ПИК Сегед беше голманот Роланд Миклер кој имаше 13 одбрани, а најдобри стрелци беа Блонц со седум и Мачковшек со шест гола.
Кај Веспрем, Цупара и Коралес заедно имаа осум одбрани, а меѓу стрелците најдобар беше Лауге Шмит со четири погодоци.
Следниот натпревар во серијата „подобар од три“, се игра в понеделник, а доколку Веспрем слави, ќе има мајсторка на теренот на ПИК Сегед.