ПИК Сегед најде замена за Пастор и Кривокапиќ

Унгарскиот „Немзети Спорт“ ги најави наследниците на Хуан Карлос Пастор и Марко Кривокапиќ за следната сезона.

Тоа ќе бидат Кристијан Карпати и Владан Јордовиќ, кои во моментов се дел од академијата на ПИК Сегед.

Ова откако шпанскиот стратег Давид Дејвис ја одби понудата да се врати во Унгарија, раководството на унгарскиот првак се реши за друга варијанта.

Сепак Карпати и Јордовиќ ќе бидат само една сезона на клупата на ПИК Сегед, бидејќи од 2024 година доаѓа шведскиот двоец Михаел Апелгрен и Јонас Калман.