Пик Сегед конечно со активност, дел од играчите се враќаат на тренинг

Ракометарите на Пик Сегед кои беа во карантин, а се негативни на тестовите за коронавирусот се враќаат на тренинзи и конечно работите се помрднуваат од мртва точка откако веќе некое време во клубот не можеше да се работи.

Тренерот Хуан Карлос Пастор доби можност дел од ракометарите да ги добие на тренинзи и да работи, но и понатаму оние кои беа позитивни ќе мораат во домашна изолација сè до добивањето на новиот негативен тест односно до добивањето на дозвола за напуштање на домот и враќање во сала.

Покрај оние играчи кои се во изолација на тренинзи ќе ги нема и Марио Шоштариќ, Лука Степанчиќ и Стефан Сигурмансон. Тројцата се во нешто подобра ситуација од онаа во која беа, но и понатаму се на листа на повредени.

Според информациите, следниот натпревар на 15 октомври против Порто во Лигата нашампионите на гостински терен ќе биде одигран така што клубот против кој Вардар требаше да игра на 1 октомври се враќа на натпреварите.