Унгарскиот ПИК Сегед реди победи на пријателските натпревари. Ривалот на Вардар во групата од Лигата на шампионите, по убедливите победа над Дабас и Орошази, славеа уште еден триумф.
Избраниците на Хуан Карлос Пастор, кој ги немаше на располагање Жоан Кањелас, Лука Степанчиќ и Стефан Сигурмансон, без особени проблеми го совлада хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице со 33-28.
Домашниот тим и на полувреме имаше предост од три голови, 18-15.
Најдобри стрелци кај ПИК Сегед беа Хенигман со осум голови, а Бодо и Шоштариќ дадоа по четири, додека кај Нексе се истакнаа Родин и Северец со по шест погодоци.
Овие две екипи ќе одиграат пријателски натпревар и во текот на утрешниот ден од 16:00 часот. Нексе е прв противник на Вардар на официјален натпревар од новата сезона.