По голманот Емил Инсгард, пикерот Глеб Калараш и левото крило Марин Јелиниќ, унгарскиот првак ПИК Сегед, донесе уште едно засилување.
Станува збор за шпанскиот дефанзивец Карлос Молина Косано, кој потпиша договор на една сезона со можност да биде продолжен за уште една.
Тој потекнува од Барселона, но не доби вистинска шанса во првиот тим па играше за Арагон, Хуеска и Логроњо.
Потоа настапуваше во бундеслигашот Магдебург, па португалска Бенфика, пред да се пресели во Мотор Запорожје со кој играше во ЛШ и во ЛЕ.