Унгарскиот шампион ПИК Сегед, на денот на натпреварот против Вардар ќе пристигне во македонскиот главен град.
Избраниците на Хуан Карлос Пастор ќе тренираат денеска во Сегед, а утре ќе заминат со автобус до Будимпешта, од каде ќе имаат лет до Скопје.
Треба да пристигнат во Скопје околу 13:00 часот, ќе имаат краток одмор пред натпреварот што стартува од 20::45 часот.
Веднаш потоа од сала заминуваат на аеродром и треба да се вратат во татковината со летот што е на распоред во 1:00 часот по полноќ.