Во дербито на дното на Б групата на ЕХФ лигата на шампионите, против Целје Пивоварна Лашко, унгарскиот ПИК Сегед изгледа дека се извлече од почетната криза, па по вторпат во последните три кола победува, сега со триумф од 36-26. Со новите бодови Унгарците скокнаа едно место погоре на табелата и се престигнаа Целје кој остана на седмата позиција со два бода.
Словенците се држеа само во првата четвртина од натпреварот кога последен пат израмнија на 11-11. Следуваше еден одличен период на ПИК Сегед со серија од 7-1 и во 29 минута веќе водеа со 18-11. Токму тој лош период во играта на гостите беше пресуден за натамошниот тек на средбата и речиси клучен за одредување на тоа кој ќе победи.
А почетокот на средбата не ветуваше дека на крајот разликата ќе биде двоцифрена. Напротив Целје поведе со 3-1, а потоа уште неколкупати имаше предност од еден гол, и во 14 минута последен пат израмни на 8-8. Но, потоа се се смени на теренот.
Имаа речиси ист број на упатени удари на голот (ПИК Сегед – 49, а Целје – 46), но домаќините дуелот го завршија со успешност на упатените удари од 73 отсто наспроти 59 на Словенците.
Потоа веќе немаше шанси ПИК Сегед да ја испушти таквата предност. Второто полувреме беше само формалност што Унгарците го приведоа успешно до крај, па згора на тоа и направија двоцифрена предност.
Кај домашниот тим Кент Тонесен, Себастиан Фримел и Бенче Банхиди постигнаа по 6 голови, а Деан Бомбач еден помалку. Тилен Стрмљан со 5 гола беше најпрецизен кај Целје, а Митја Јанц, Алекс Влах и Патрик Мартиновиќ дадоа по 4 голови.